34.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Одбојкарките на Работнички со уште еден убедлив пораз го завршија настапот во Купот на ЦЕВ

Одбојкарките на Работнички со уште еден убедлив пораз од Алба Бај во Скопје ги завршија настапите во 1/16-финалето на Купот на ЦЕВ.

Македонскиот претставник загуби со максимални 0-3 во сетови (14-25, 11-25, 11-25) и не можеше да даде посилен отпор ниту на реваншот.

Во првиот натпревар Романките исто така беа убедливи и победија со 3-0 во сетови.

Багалковска со шест и Милевска и Ѓурѓевиќ со по четири поени беа најдобрите одбојкарки во тимот на Работнички.

- Оглас -

Најнови вести