Македонскиот одбојкарски првак Струмица брзо го заврши настапот во квалификациите за Лигата на шампионите откако загуби и на реваншот против Олимпијакос со 3-0 во сетови. Претходно, грчкиот тим со идентичен резултат славеше и во Струмица.
Одбојкарите на македонскиот шампион прикажаа подобра игра во однос на првиот меч. Првиот сет го загубија со 25-19, во вториот освоија 17 поени, а во третиот стигнаа до 21 поен.
Стојан Илиев имаше 12 поени, Волков и Владо Милев по 9. Најдобар поентер кај Олимпијакос беше Атанасијевиќ со 19 поени.
Македонскиот првак нема да ја заврши европската авантура затоа што сега се сели со настап во ЦЕВ-купот.