„Одборот за пречек“ на Дејан е подготвен, на скопскиот аеродром сè повеќе луѓе (Фото)

Навивачи, членови на Таеквондо клубот Бутел, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, заедно со новинари, сниматели и случајни минувачи, како пијанистот Симон Трпчески, кој се врати од Белгија, се на скопскиот аеродром во исчекување на Дејан Георгиевски, момчето кое испиша историја со освојувањето на сребрениот медал на ЛОИ во Токио.

Георгиевски во 19.30 часот ќе се појави на плоштадот во Скопје, каде што ќе биде централната прослава на најсјајниот олимписки медал кој досега го има освоено македонски спортист по осамостојувањето на нашата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести