Одбрана на колото: Маунт не можеше да поверува што „фати“ англискиот ветеран (видео)

Челзи со триумфот од 2-1 против Астон вила стигна до деветтата победа во Премиер лигата. Екипата на Френк Лампард се врати во победнички ритам, бодовите сосема заслужено ги донесоа неговите пулени Абрахам и Маунт.

Во една од многуте шанси на домаќините беше и слободниот удар кој го изведе Вилијан на десетина минути пред крајот на средбата, кој на крајот заврши како фантастична одбрана на гостинскиот голман Том Хитон. Англискиот ветеран спаси убедлив пораз, буквално се истегна да го спречи ударот на Бразилецот, a како успеа, не можеше да поверува ниту Маунт држејќи се за глава.

 

- Оглас -

Најнови вести