Одбројуваме часови до последното коло на Спортска прогноза: „Ајфонот“ на готовс

Втората сезона на Спортска прогноза се наоѓа пред финалната етапа, до 16:30 часот последното 34-то коло е достапно за прогнозирање. Тоа е последна шанса за прогнозерите да го зграпчат примамливиот „iPhone XS“, кој се доделува за погодени 13 парови, а воедно ќе се добие финалниот распоред во Генерланиот пласман, каде наградите исто така се одлични.

Дербијата како Манчестер јунајтед – Челзи, Рома – Интер, Јувентус – Лацио, се меѓу потешките парови во последното коло, кои доколку ги погодите имате големи шанси да ја комплетирате „среќната 13-ка“.

Освен скапиот „ајфон“, подароци има и за оние кои ќе имаат по 12 или 11 погодоци. Само за едно промашување следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека со 11-ка добивате ваучер од 500 денари. Вообичаено има и два натпревари како резервна варијанта, а поените и од овие дуели се многу важни за Генерален пласман. Во овој сегмент лидер и натаму е Т. Христијан, и многу веројатно кај него ќе заврши главниот подарок Смарт ТВ 48 инчи.

Не чекајте, прогнозирајте го последното коло за оваа сезона и очекувајте убави награди од Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести