Одиме во Мадрид да го нападнеме Реал, инаку ќе нѐ памтат како губитници

Манчестер сити е клубот кој во изминативе неколку сезони вложуваше милиони и милиони евра за доведување големи ѕвезди. Граѓаните успеаја да состават тим кој беше доволно квалитетен за да биде доминантен во Англија, каде што освои трофеи, четири титули во Премиер лигата, а се радуваше и на четири пехари во Лига купот и два трофеи во ФА купот.
Сепак, кога се работи за успех на европско ниво, Сити нема успех. Иако во изминативе неколку сезони беше меѓу главните фаворити за трофејот во Лигата на шампионите, Граѓаните не успеаја да стигнат ниту до финалето, а не пак да се најдат на тронот.

Сезонава Сити во осминафиналето го имаат Реал Мадрид, клубот кој е најтрофеен кога се работи за европските пехари во елитното натпреварување. Доколку Сити и оваа сезона не успее да стигне до титулата во Лигата на шампионите, тоа сигурно ќе биде и неуспешен крај на една генерација. Сити во следните две сезони има забрана за настап во Европа, па ова е нивна последна шанса, а тоа го знае и Кевин де Бројне.

„Играме против Реал Мадрид, кој има освоено најмногу европски титули. Мислам дека треба да одиме во Мадрид и да ја играме нашата игра. Треба да играме офанзивен фудбал и да ги притиснеме. Ако не ја освоиме Лигата на шампиони, сите ќе зборуваат за тоа дека сме губитници, исто како и во претходните пет сезони. Лигата на шампионите е нешто што ни недостасува. Секогаш сме сакале да ги освоиме сите трофеи, но некогаш има и подобри тимови од вас, како што тоа лани беше Ливерпул“, вели Де Бројне.

Според коефициентите во Sport Life, речиси израмнети се шансите на Сити и Реал за победа на мечот в среда на „Сантијаго Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести