Одличен ден за обложување – Реал Мадрид ја круниса серијата победи на фаворитите (Видео)

Со победа од 4:1 против Алавес на гостински терен, Реал Мадрид го почна атакот на титулата во Ла Лига во новата сезона во шпанскиот фудбал.

Со голови во второто полувреме, два на Карим Бензема и еден на Начо, Реал набрзина поведе со 3:0 и го реши прашањето на победникот и израдува многу обложувачи.

Alaves 0-3 Real Madrid: Karim Benzema goal 62′ from soccer

Алавес намали на 1:3 со голот на Жоселу од пенал, но не ја загрози победата на Реал што ја потврди Винисиус во финишот и добивките на обложувачите. Денот беше како нарачан за нив, бидејќи сите големи фаворити победија денеска.

Почна со триумфот на Манчестер сити против Лидс со 5:1, а продолжи со победите на Штутгарт, Волфсбург, Челзи, Евертон, Лестер, Борусија Дортмунд, Ливерпул, ПСЖ, ПСВ Ајндховен, Ајакс, Салцбург, Бенфика, Генк…

Единствен голем кикс денеска веројатно е само тешкиот пораз на францускиот првак Лил на домашен терен од Ница со 0:4.

Викендот продолжува утре со нова тура интересни натпревари, пред се од Топ-5 лигите во Европа, што е нова шанса за добивки.

 

- Оглас -

Најнови вести