26.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Одличен коефициент ако верувате во победа на Македонија против Финска

Македонската одбојкарска репрезентација попладнево игра против Финска во полуфиналето од завршниот турнир во Сребрената лига. Дуелот се игра на неутрален терен во Букурешт, а подобриот ќе игра во финалето со подобриот од второто полуфинале меѓу Романија и Унгарија.

Македонија и Финска досега играле два пати и противникот во двата меча победувал со идентични 3:1 во сетови. И покрај неповолниот меѓусебен биланс, капитенот на Македонија, Никола Ѓорѓиев е оптимист.

„Не сме фаворити против Финска, но не сме ниту аутсајдери. Многу зависи од тоа каков пристап ќе имаме. Треба да бидеме паметни, храбри и да одиграме зрело. Финска има подмладена селекција, но игра квалитетна одбојка, но очекувам добар резултат за нас“, вели Ѓорѓиев.

Во понудата на Sport Life ги има двата полуфинални меча, а според коефициентите Финска е голем фаворит, па за оние кои се оптимисти дека Македонија може да се радува, ова е добра шанса за убава заработка.

- Оглас -

Најнови вести