Одлична квота за пораз на најслабиот тим во бразилската лига

Атлетико Паранаенсе – Палмеирас (Фудбал, Бразил, 00.00 часот)

Гостите се втори на табелата, но и деветтиот Атлетико не е тим за потценување. Палмеирас има две победи по ред, двете со по 1-0, но вечерва ќе биде ослабен со неиграњето на Луиз Адријано и Рамирес, две ѕвезди кои некогаш со успех настапуваа во европски клубови. Пред 15 години беше последниот меѓусебен дуел на овие тимови кој заврши 0-0. Можеби ремито е најреално, но наш тип е дека нема да паднат повеќе од три гола.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.77)

 

Шапекоенсе – Гојас (Фудбал, Бразил, 00.00 часот)

Популарниот Шапе е заглавен на последното место на табелата, додека гостите се десетти, во таканаречената златна средина. Клубот кој за жал стана познат во светот по авионската несреќа од пред некоја година, има црна серија од 11 натпревари по ред без победа. Од 6 август наваму, немаат постигнато повеќе од еден гол. Гојас е тим кој ретко игра нерешено, и сметаме дека вечерва е поблиску до победа отколку до пораз. Квотата е одлична.

Предлог тип: 2 (3.55)

 

Барселона Гвајакил – Емелек (Фудбал, Еквадор, 00.00 часот)

На гостите победата им треба за влез во плејфот, додека Барселона Гвајакил е втора на табелата и веќе е пласирана во разигрувањето, без шанса да го загрози првото место на Макара. Емелек има серија од пет, а Барса од осум меча по ред без пораз. Двата тима се во форма, а иако домашните се можеби подобар тим, мотивите се на страна на гостите. Емелек пред три години за последен пат победи во Гвајакил.

Предлог тип: ГГ (1.77)

 

Далас каубојс – Филаделфија иглс (Американски фудбал, НФЛ лига, 02.20 часот)

Двата тима имаат скор 3-3 после шест одиграни натпревари, со тоа што Каубоите сезоната ја отворија со три победи, а потоа претрпеа три порази по ред, а кај Орлите, резултатите беа пошарени, без вакви позитивни и негативни серии. Далас очајно посакува да им се врати на победите, но гостите не се наивен противник. Три од последните четири соочувања на овие тимови во Тексас, завршиле нерешено, па се играле продолженија. Каубојс седум години чека чиста домашна победа над Иглс.

Предлог тип: >23.50 I (1.85)

 

Чикаго блекхокс – Вашингтон капиталс (Хокеј, НХЛ лига, 01.00 часот)

Чикаго полека се крева по катастрофалниот старт, и врза две победи по ред, иако едната со златен гол. Капиталс истотака има две победи по ред, но тие беа чисти, без продолжение. На 26 септември, Вашингтон го разби Чикаго со 6-0. Сега не треба да се очекува толкава победа на Овечкин и другарите, но според традицијата, може да се очекува ефикасен натпревар со барем 6 гола.

Предлог тип: > 5.50 (1.60)

- Оглас -

Најнови вести