Одлична квота за Реал Мадрид да загуби, а дали Црвена ѕвезда може да победи на гости?

Ракомет, фудбал, кошарка и хокеј се спортовите кои може да ги најдете во денешниот Супер тип во Sport Life. Возбудувањата ќе започнат со Светското првенство во ракомет, каде што Словенија и Шпанија од 15:30 часот ќе играат во дербито на денот. Црвената фурија е фаворит и за победа имаат коефициент 1.55.

Од ракометниот Мундијал има уште три средби, а и на тие три, поверојатна е „двојката“. Играат Бразил – Унгарија, Исланд – Шведска и Црна Гора – Полска.

Кошаркарските „двојки“ се за победа на ФМП на гости кај Сплит во АБА-лигата, како и триумф на Црвена ѕвезда кај Жалгирис во Евролигата. Дербито во Евролигата е во Атина, каде што Олимпијакос е домаќин на Реал Мадрид, а за победа на Грците квотата е 1.83.

Фудбалска сигурица треба да биде победа на Генк кај Ојпен, како и триумф на Цволе пред своите навивачи во дуелот со ВВВ Венло.

- Оглас -

Најнови вести