Одличната тактика на Марјан му донесе победа во Типстер купот за март, и освои 100.000 денари

Со 11 добитни тикети во текот на март, Марјан Блажевски, го освои првото место во Типстер купот во месечната етапа за март, и си заработи 100.000 денари.

Кичевчанецот кој живее во Скопје, најмногу сака да типува на тениски и фудбалски  натпревари, и тоа му носи резултат.

„Редовно играм, од самиот почеток, а минатиот месец ми беше најуспешен. Претходно за малку ми бегаа наградите, бев во првите 5-6, а во март ми се посреќи. Уплаќам на поситни уплати, обично 50 денари, и играв само по шест мечеви на еден тикет. Висината на добивките не ми беа важни, важно беше да се исполнат минимум условите и да се брка наградата. Немав тикети со по 10 или повеќе натпревари, целта ми беше само да бидат добитни тикетите“ – раскажува Марјан.

Тој е докажано добар прогнозер, не му е првпат да освои 100.000 денари од Sport Life. Пред една година, тој освои иста таква сума и во играта „50 шанси за 100.000“.

„И лани бев добитник на 100.000, па таа и оваа сегашната од 100.000 ми се најголеми добивки што сум ги имал. Најчесто играм фудбал и тенис на гејмови, а понекогаш и конечен тип ако квотата е над 1.50 за фаворитот. Кога нема фудбали, играм и кошарка. При врвот бев и мораше да играм секој ден“ – додава Марјан.

Во 11-те мартовски добитми тикети, немал некој што го чекал до последен момент, а имал и тикети кои за една биле недобитни, но за негова среќа и конкурентите не  напредувале многу.

„Забележав дека други најчесто играат фудбал, а во март имаше и репрезентации, па многу фаворити не победуваа. Фудбал најчесто играм фикс, на голови 2-4 гола, не сакам да играм на 3+, тоа е игра на среќа, кога не знаеше што да играш, па чекај голови“ – додава Марјан кој нема омилен тим за кој што навива.

„Немам омилен тим кој ми е редовно на тикетите. Не сум страстен навивач, важно е тикетот да биде добитен. Играм повеќе за занимација. Инаку, уплаќам само во Sport Life, имам картичка, таму најмногу ми одговара и не менувам“ – завршува типстер шампионот за март.

- Оглас -

Најнови вести