Шанса што ќе ја имате еднаш во животот – Станете дел од Манчестер јунајтед за плата од 100 илјади евра

Манчестер јунајтед објави интересна понуда за сите креативни луѓе, а се бара човек што ќе раководи со клупските профили на Инстаграм и на Твитер.

Клубот има неверојатни 57 милиони следбеници на социјалните мрежи, но и намера да го развие дополнитепчно овој сегмент.

Ова е шанса и за македонските фанови на Манчестер јунајтед, кои ги има многу, па можеби и некој од нив ќе конкурира и ќе успее да се наметне како човек за таа позиција.

Интересно е што Црвените ѓаволи најавија дека позицијата нема да биде волонтерска, туку ќе биде и можност за добра заработка, а платата е околу 100 илјади фунти годишно.

„Ова е уникатна можност за добро организирана и креативна личност што ќе има можност да го претстави клубот кој е светски бренд во вистинско светло на социјалните мрежи“, објавија од редовите на 20-кратниот англиски првак.

- Оглас -

Најнови вести