Одлично прво и катастрофално второ полувреме – Вардар загуби кај Нексе

Вардар на втор меч во низа во СЕХА-лигата трпи пораз, овојпат на гостувањето кај Нексе од Нашице со конечни 24-21. Доминантната серија на „црвено-белите“ од 10 победи во низа против хрватскиот состав заврши, Нексе првпат по 2014 година остварува триумф против актуелниот бранител на трофејот од регионалната лига.

Избраниците на Роберто Парондо одлично функционираа во првото полувреме, кое го освоија со 14-11, меѓутоа домаќините се разиграа во вториот дел и на 10 минути пред крајот, стигнаа до израмнување на 20-20. Од тој момент започна катастрофата за Вардар, гостите примија четири гола а возвратија само со еден и го претрпеа четвртиот овосезонски пораз во СЕХА-лигата.

Јагањац со шест погодоци беше најефикасен од составот на Нексе, петмина вардарци реализираа по три гола – Чупиќ, Поповски, Мораеш, Дибиров и Војводиќ.

Во последното, 18-то коло пред фајнл-форот, Вардар на 12-ти март ќе гостува кај Извиѓач во БиХ, каде што ќе се обиде да го завери првото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести