Одложен е кам-бекот на Ел Шарави во Рома, има Ковид-19

Стандардните медицински прегледи се пролонгирани во случајот со Стефан Ел Шарави, играч кој е пред кам-бек во Рома, но ќе мора да почека уште некој ден поради позитивен тест на корона-вирус.

Напаѓачот пристигна во Рим и се требаше да биде формалност за тој повторно да биде играч на Римската волчица, но тоа нема да се случи веројатно и до крајот на овој месец.

Ел Шарави има Ковид-19, но тоа нема да го спречи неговото враќање во Рим, во Рома, клуб за кој играше од 2016 до 2019 години, а потоа замина во Кина, каде играше за Шангај Шенхуа.

Објавено е и дека уште двајца од техничкиот песронал на Рома се заразени со корона-вирус, па и тие како и Ел Шарави ќе мора да бидат во карантин најмалку 7 дена.

Рома денеска игра со Специја во Серија А, а има многу проблеми со повредени и отсутни играчи, па најавено е дека нема да играат Џеко, Манчини, Заниоло, Педро, Калафјори, Миранте, Сантон и веројатно и Мхитаријан.

 

- Оглас -

Најнови вести