Одложен еден меч во Лигата на нациите!

Репрезентацијата на Чешка победнички стартуваше во новата сезона од Лигата на нацииte, откако со 3-1 победи на гости кај Словачка во Б сегментот. Сепак, наместо да продолжат со подготовките за следниот дуел против Шкотска, кој беше закажан за в понеделник, се случи пресврт. Средбата е одложена поради корона-вирусот кој се прошири во таборот на чешката селекција.

„Нашата репрезентација нема да го одигра мечот против Шкотска. Одговорните лица донесоа таква одлука поради ситуацијата со Коронавирусот. По победата над Словачка, репрезентацијата на Чешка ги прекинува подготовките со Шкотска и веднаш“, стои во официјалниото соопштение на чешкиот национален тим.

Уште на почетокот на подготовките беше констатирано дека еден член во чешкиот тим има корона-вирус, а потоа веднаш во самоизолација беа пратени и двајца фудбалери кои воопшто не отпатуваа на гостувањето во Словачка. Играчите не бие заразени, но биле во близок контакт со заразениот.

Чесите ги одбиваат обвиненијата дека не ги почитувале протоколите од УЕФА за постапување во случај на заразен со корона-вирус.

„Без барање на УЕФА, непосредно пред мечот со Словачка повторно сите беа тестирани. Во текот на целиот пресрој постојано се придржувавме на сите зададени протоколи“, стои во соопштението на чешката федерација, која и покрај се, реши да го откаже мечот против Шкотска. Одлуката на Чешка е во согласност со правилата на УЕФА дека еден меч може да се одложи ако нема барем 13 фудбалери на располагање.

 

- Оглас -

Најнови вести