29.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Одлучи да ја продаде јахтата што вреди 50 милиони евра за да им помогне на сограѓаните

Претседателот на украинскиот фудбалски клуб Металист од Харков, Александер Јарославски, реши дека е време да ја продаде својата јахта за да може да му помогне на својот град.

Харков е еден од градовите каде што се одвиваат најголемите воени дејства во изминативе неколку дена од инвазијата на Русија врз Украина. Многу делови од градот се разрушени по бомбардирањето, а Јарославски вели дека сега е време да им помогне на своите сограѓани.

Јахтата која ја има првиот човек на Металист е долга 60 метри и нејзината вредност е околу 50 милиони евра.

„Драги сограѓани на Харков. Започнав хуманитарна програма за нашиот град. Првата донација за овој уништен град ќе биде од продажбата на мојата јахта ‘Кајсер’. Веќе немаме време за јахти и мораме да се фокусираме да помогнеме за обнова на градот“, порача газдата на Металист.

Богатстовото на Јарославски се проценува на околу 600 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести