Репрезентацијата на Италија, која е домаќин на завршницата од Светското првенство во одбојка за мажи, битката за влез во полуфиналето на шампионатот, ќе ја води со Србија и Полска. Другата група од Топ 6 фазата ја сочинуваат Бразил, Русија и САД.
Натпреварите од оваа рунда ќе се играат од 26 до 28 септември, а полуфиналето и финалето на 29 односно 30 септември, во италијанскиот град Торино.
Ова првенство беше во организација на Италија и Бугарија, но нашиот источен сосед ги доби само натпреварите по групи од првата фаза. Бугарите не влегоа меѓу шесте најдобри на светот. Фаворити за освојување на медалите се САД, Бразил и Италија, но никој не смее да ги потцени и останатите три тима, особено што во оваа Топ 6 фаза сите стартуваат од нула.
Светско првенство, Топ 6 фаза:
Група И: Бразил, Русија, САД.
Група Ј: Италија, Србија, Полска.