Европската ракометна федерација ги одреди сатниците за финалните натпревари од ЕХФ Европскиот куп помеѓу македонскиот претставник ГРК Охрид и унгарската Татабања.
Првиот меч е на 24 мај, во спортската сала во Татабања со почеток од 17 часот, додека реваншот ќе се игра на 31 мај во Охрид, во СРЦ „Билјанини Извори“ од 20 часот. Натпреварите ќе се пренесуваат на Арена Спорт и МРТ3.
Тоа значи дека трофејот од ЕХФ Европскиот куп ќе биде доделен некаде околу 22 часот во последниот ден од мај, а се надеваме дека пехарот ќе го кренат охриѓани, со што Македонија втора година по ред би имала победник во ова натпреварување откако лани Алкалоид успеа да го стори тоа.

