Одредено е кога ќе започне кинеската фудбалска лига

Новата сезона во кинеското фудбалско првенство ќе започне во јуни. Кинеската фудбалска асоцијација им препорача на клубовите да се подготвуваат за стартот на сезоната кој ќе биде во летниот период.

Играчите ќе минат два теста за корона-вирусот пред да добијат дозвола да играат. Првиот ќе биде деновиве, а вториот на една недела пред почетокот на шампионатот. Според календарот, првенството во Кина требаше да започне на 22 февруари. Но, токму во таа земја се појави корона-вирусот и почна да се шири со голема брзина, па почетокот мораше да биде пролонгиран.

Ситуацијата со вирусот се смирува во последните недели, животот полека се враќа во нормала. Во прво време средбите ќе треба да се играат без публика. Странските фудбалери ќе добијат дозвола да се вратат во Кина, но ќе мора да седат во карантин и потоа ќе чекаат дозвола да им се приклучат на своите тимови. Во Кина, екипите веќе почнаа со тренинзи во помали групи.

- Оглас -

Најнови вести