Одриосола е и германски и шпански првак

Алваро Одриосола е еден од ретките фудбалери кој може да се пофали дека ќе има два медали за освоена титула во една сезона. Шпанскиот бек со Баерн Минхен стана германски првак пред околу три недели, а од вчера се смета и шампион на Шпанија, откако Реал Мадрид ја освои 34-тата титула во Ла Лига.

Бекот до јануарскиот преоден рок запиша четири настапи за Кралевите во шпанското првенство и затоа ќе добие медал, а од зимата стана привремен член на Баварците и одигра само три меча, доволно да се запише во шампионскиот состав. Во меѓувреме Одриосола запиша настап и во Германскиот куп, па и оттаму си собра медал со двојната круна на Баерн.

Шпанецот одигра скромни девет меча за двата гиганти сезонава, а ќе си се фали дека освоил три пехари.

- Оглас -

Најнови вести