Официјално: Адис Јаховиќ потпиша за Анталијаспор

Македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ од денеска и официјално е нов член на Анталијаспор и во наредниот период тој ќе го носи дресот на овој клуб. Јаховиќ, кој има 32 години, добро е познат и прилагоден во турскиот фудбал. Досега играше за Малатијаспор, но се нафати на нов предизвик и ќе игра за Анталија. Во турската лига тој настапуваше и за Гезтепе и Коњаспор и речиси секаде беше прв стрелец.

Договорот е на една година со можност за продолжување за уште 1,5. Првиот меч за Анталијаспор ќе му биде против Денизлиспор. Јаховиќ во новиот клуб ќе има дрес со број 81.

„Играњето со Подолски во ист тим ќе биде задоволство. Сум играл и со Ето во Коњаспор, задоволство е да се биде покрај вакви играчи. Не е важно кој колку голови ќе даде, туку тимот да бележи добри резултати и да ја оствари целта“, изјави Јаховиќ.

- Оглас -

Најнови вести