Официјално: Барселона – Наполи без публика

Натпреварот помеѓу Барселона и Наполи од осминафиналето во Лигата на шампионите закажан за 18 март ќе се игра без присуство на публика. Оваа одлука е објавена и на официјалната интернет-страница на каталонскиот клуб.

Ризикот од присуство на навивачи од „црвените зони“ како Италија и Кина беа доволна причина да се затворат вратите на „Камп ноу“, па битката за пласман во четвртфиналето да се води без присуство на публика. Ова е добра вест за тимот на Елиф Елмас бидејќи тие имаат неповолен резултат, 1-1, од првиот меч и полесно ќе им биде ако Барса ја нема поддршката од 90-тина илјади фанови.

- Оглас -

Најнови вести