Официјално: Бобан Николов е нов член на Лече

Македонскиот фудбалер за врска, Бобан Николов, од денеска и официјално е нов член на италијанскиот клуб Лече. Морнарите се борат за враќање во Серија А и за таа цел го засилуваат средниот ред со нашиот Николов.

Во Лече игра и левиот бек Леонард Жута во минатото кој истотака играше за Македонија. Николов во Лече доаѓа од унгарски МОЛ Фехервар. Вчера го мина лекарските тестови, а попладнево ќе му се  стави на располагање на тренинг на тренерот Корини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести