Официјално: Бразилскиот репрезентативец Алекс Телјес потпиша за Ал Наср

Бразилецот Алекс Телјес го комплетираше својот трансфер од Манчестер јунајтед во Ал Наср.

Телјес беше играч на Јунајтед, но во минатата сезона играше како позајмен за Севилја. Во Манчестер, тој еден период му беше тимски колега на Кристијано Роналдо со кого ќе бидат заедно и во Ал Наср, а Телјес една сезона беше и во Интер со Марсело Брозовиќ, со кого истотака пак се клупски колеги.

Екипата на Ал Наср е во Јапонија, каде задутре треба да одиграат пријателски меч против Пари Сен Жермен, а на 27-ми јули ќе имаат контрола против Интер од Милано.

- Оглас -

Најнови вести