Официјално: Леао ја продолжи верноста кон Милан, позната е и откупната клаузула

Португалскиот репрезентативец Рафаел Леао и официјално стави параф на новиот договор со Милан. Леао уште минатата недела ги договори сите детали, но дури денеска официјално стави параф на договорот кој ќе трае до 2028 година.

Според новиот договор, Португалецот ќе заработува пет милиони евра, плус бонуси.

Управата на Росонерите притоа постави откупна клаузула која изнесува 175 милиони евра за сите заинтересирани екипи.

Леао сезонава одигра 44 натпревари, на кои постигна 13 гола и имаше 13 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести