Официјално: Луис Енрике веќе не е селектор на Шпанија!

Луис Енрике изјавуваше дека до крајот на животот би останал селектор, но дека тоа не зависи од него, и испадна оти е така. Не зависеше од него дали ќе остане, а денеска судбината му ја скроија раководните луѓе во шпанската федерација.

Енрике веќе не е селектор на Црвената фурија. На оваа позиција беше од 2018 година, придонесе за смена на генерациите, ги однесе Шпанците до фајнал-фор во Лигата на нации, и толку.

На СП во Катар реши да се потпре на младите, и тоа скапо го чинеше, Шпанците беа елиминирани уште во осминафиналето од аутсајдерот Мароко.

Фаворит за нов шпански селектор Луис Де ла Фуенте, релативно непознато име и актуелене селектор на У-21 тимот на Шпанија. Тој веќе ги има тренирано дел од репрезентативците во младинската селекција, а ја водеше Шпанија и на Олимписките игри во Токио.

- Оглас -

Најнови вести