Официјално: Маркус Турам е нов играч на Интер, редарите на „Сан Сиро“ ќе треба да го запаметат!

Францускиот напаѓач Маркус Турам, потпиша договор со Интер.

Маркус е роден во Парма, затоа што во таа 1997 година татко му Лилиан Турам играше таму. Во претходните четири сезони, Маркус играше за Борусија Менхенгладбах, а при едно гостување кај Интер во октомври 2020, имаше интересна ситуација.

Редарот на стадионот во Милано му бараше лична карта за идентификација, но Маркус не носел личен документ со себе, па на телефонот на пребарувачот „Гугл“ го напиша своето име и презиме, и фотографиите кои се појавија беа доволни за да му биде дозволено да влезе.

Во сезоната која заврши неодамна, Маркус Турам во Бундеслигата имаше 13 гола и шест асистенции, а во Интер доаѓа како слободен играч.

Договорот е на пет сезони, а годишната плата ќе му биде 6,5 милиони евра.

Тој беше во преговори со Милан, но на крај се реши за градските ривали на Милан, каде треба да биде замена за Един Џеко кој прејде во Фенербахче.

- Оглас -

Најнови вести