Официјално, Мик Шумахер ја освои титулата во Формула 2!

Германецот Мик Шумахер е нов шампион во Формула 2 шампионатот. Тој втората трка во Бахреин ја заврши без поени, бидејќи после неколку грешки и судари го натераа да влегува во бокс и го освои само 18-тото место, но имаше предност од 14 бода со 17 во игра, а ривалот Калум Илот кој мораше да победи за титула, заврши како десетти.

Мик го имаше најбрзиот круг, па Илот речиси и да немаше шанса. Трката ќе се заборави, но ќе се памети дека синот на Михаел Шумахер освои титула во Ф2 пред да се пресели во Формула 1, спортот во кој неговиот татко се прослави и има рекордни седум титули.

Мик Шумахер има 21 година и во следната година (на точно 30 години од дебито на татко му Михаел во Формула 1) ќе вози за Хас во Ф1. Тоа може да му биде чекор кон иден договор со Ферари. И Шарл Леклер кој сега е во Ферари, има титула во Формула 2, тоа го стори во 2017 година.
- Оглас -

Најнови вести