Официјално: Нејмар останува во ПСЖ до 2025 година!

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар, денеска го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, и се обврза да остане кај Светците од париз до летото 2025 година. Со новиот договор, Нејмар ќе има месечна плата од 2,5 милиони евра, или 62 евра по минута.

Со ова, завршуваат сите шпекулации околу евентуално враќање на Неј во Барселона, од која си замина во 2017 година за рекорден трансфер од 222 милиони евра. Нејмар има 29 години и со неговото задржување, во клубот се надеваат дека ќе успеат да го убедат и Килијан Мбапе (договорот му е до 2022) да остане, или да привлечат некоја друга голема ѕвезда од типот на Лионел Меси или Кристијано Роналдо.

Нејмар има 136 гола и асистенции во дресот на ПСЖ, но има една незавршена работа, сака да ја освои Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести