Официјално одложен меч на СП во ракомет, иако едниот позитивен играч вчера бил негативен

Светската ракометна федерација ИХФ, донесе одлука за натпреварот помеѓу Германија и Зеленортски острови да се регистрира со службена победа на Германците од 10-0, затоа што двајца играчи на Капе Верде се заразени со корона-вирус и тимот нема 10 здрави играчи, што е минимумот за еден меч да се одигра на Мундијалот во Египет.

Правилото е секој тим за да игра, мора да има барем негативни резултати на 10 играчи од кои еден голман, на 48 часа пред меч. Да биде хаосот поголем, еден од двајцата позитивни, вчера имал негативен тест, но бидејќи тоа се случи на помалку од 48 часа пред дуелот, не смее да игра и Германија без борба освои два бода.

Ако денеска се потврди негативниот тест, тогаш тој играч од Капе Верде ќе може да настапи задутре против Уругвај, и селекцијата Зеленортските острови не би имала нов службен пораз, бидејќи ќе има 10 играчи на располагање, ако не се случи кај некој друг да се појави позитивен резултат од тестирањето. Сепак, тој меч на 19 јануари речиси сигурно ќе се игра, бидејќи Африканците најавија дека дополнително ќе повикаат нови играчи кои ги имале на поширокиот список пред доаѓањето во Египет.
- Оглас -

Најнови вести