Официјално: Родри е нов играч на Манчестер сити

Манчестер сити го претстави новото засилување Родри, за кого му исплатија 70 милиони евра на Атлетико Мадрид. Шпанскиот репрезентативец потпиша петгодишен договор со Граѓаните.

„Успехот на Сити во изминативе неколку години ме привлече да се одлучам за преселба во Манчестер. Исто така пресуди и тоа што ќе соработувам со еден од најдобрите менаџери во светот, Пеп Гвардиола, кој направи огромни измени во тимот и со својата филозофија го смести Сити меѓу најдобрите клубови во Европа. Се надевам дека ќе продолжиме со освојување бројни трофеи за кои ќе можам и јас да придонесам“, истакна Родри при промоцијата.

Шпанецот ќе го носи бројот 16 во редовите на англискиот првак, а тој е второто засилување на Сити во изминативе два дена, откако вчера го официјализираа ангажманот на бекот Ангелино од ПСВ Ајндховен.

Родри минатото лето се пресели во Мадрид од тимот на Вилјареал, Јорганџиите за него исплатија 25 милиони евра. За брзо се наметна во првиот тим на Диего Симеоне, а со добрите игри доби и повик во репрезентацијата на Шпанија.

https://twitter.com/ManCity/status/1146735896672129024

- Оглас -

Најнови вести