Официјално: Стефан Петриќ е нов играч на Вардар 1961!

Талентираниот српски лев бек, Стефан Петриќ (22), во следните две сезони ќе биде член на РК Вардар 1961.

Повеќекратниот првак на Македонија и актуелен освојувач на Купот донесе засилување кое во иднина треба да биде еден од играчите со кои почнува освежувањето на тимот.

Петриќ доаѓа од екипата на Партизан, каде што досега настапуваше, и ова ќе биде негово прво интернационално искуство. Тој е дел од младинската репрезентација на Србија и настапуваше и на СП за играчи до 19 години што беше во Македонија.

Тој е син на поранешниот играч на Вардар, Владимир Петриќ, кој својата кариера ја заврши токму во дресот на Црвено-црните.

Од клубот најавија дека наскоро ќе донесат и нови засилувања.

- Оглас -

Најнови вести