Официјално: Тотенхем го продаде Дембеле во Кина

Муса Дембеле и официјално е претставен како големо засилување на кинескиот прволигаш Гвангжу РФ. Тотенхем се согласи да го продаде играчот за врска за сума од 11 милиони фунти, додека белгискиот репрезентативец потпиша тригодишен договор со клубот кој во новата сезона има големи амбиции, а на чело на стручниот штаб стои Драган Стојковиќ-Пикси.

„Во Тотенхем доживеав искуство како во ниеден друг клуб. Мило ми е што седум години бев дел од тоа семејство, ‘петлите’ секогаш ќе ги носам во срцето. Сега сум подготвен за нови предизвици и со нетрпение чекам да видам што ќе ми донесе иднината во Гвангжу“, истакна Дембеле.

Триесет и едногодишниот фудбалер за врска настапи вкупно на 250 натпревари за Тотенхем, откако во 2012 година се пресели од редовите на Фулам за сума од 15 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести