Официјално: За Ламин Јамал сезоната е завршена!

Фудбалскиот клуб на Барселона објави дека тестовите спроведени попладнево врз Ламин Јамал потврдија руптура на мускулот на тетивата на левата нога. Иако клубот официјално не објави време за закрепнување, се подразбира дека младиот напаѓач ќе биде надвор од терените помеѓу четири и пет недели, што значи дека неговата клупска сезона е завршена.

Добрата вест е дека тој ќе биде подготвен за Светското првенство, со оглед на тоа што првиот натпревар на Шпанија е речис за месец и половина.

„Тестовите потврдија дека играчот Ламин Јамал претрпел повреда на левата тетива. Играчот ќе добие конзервативен третман. Ламин Јамал ќе го пропушти остатокот од сезоната и се очекува да биде подготвен за Светското првенство“, се вели во соопштението.

Оваа повреда на Јамал доаѓа во најлош можен момент за Барселона. Каталонскиот гигант се бори да ја задржи челната позиција во шпанското првенство, а со тоа и да ја одбрани титулата пред Реал Мадрид. На шест кола до крајот, Барселона има девет бода повеќе од вечниот ривал.

До крајот на сезоната, Барселона ќе игра против Хетафе, Осасуна, Реал Мадрид, Алавес, Бетис и Валенсија. Највите се дека од Барселона воопшто нема да брзаат за Јамал да се врати на теренот за да не се направи иста грешка како со Рафиња. Бразилецот во првиот дел од сезоната имаше повреда, а во брзање да се врати за да игра на Ел Класико, само дополнително ја влоши повредата. Рафиња и во моментов е повреден, што значи дека Барселона во финишот на сезоната ќе биде без своите двајца најдобри фудбалери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести