Охридски Нострадамус погоди дури 35 натпревари и заработи над 300.000 денари

Еден прогнозер кој во петокот уплатил тикет во објектот на Sport Life наречен Бараки во Охрид заслужи да се најде на врвот на најдобри типувачи викендов бидејќи погодил исходи од дури 35 фудбалски натпревари. Мајсторот за прогнозирање со уплата од 350 денари, си обезбеди исплата од 303.440 денари.

На тикетот има 35 меча, квотите се скромни, од 1.11 до 1.68, но вистинска реткост е да се види некој да погоди дури 35 дуели. На тикетот има комбинација од игрите конечен тип, 2+, 3+ гола, како и на тимови дека ќе дадат еден или два гола.

Од покритичните мечеви му биле Лестер – Манчестер јунајтед (типувано е дека ќе паднат барем два гола, а вториот гол падна дури во 98-мата минута, стрелец за Јунајтед беше Лингард, дури во осмата минута од судиското продолжение) и Наполи – Сасуоло (типувано е дека ќе паднат барем два гола, а вториот гол падна во 93-тата минута, стрелец за Наполи беше Алан).

Тресење имало и на Вест хем – Астон вила и Сион – Тун, каде што прогнозерот исто чекал по два гола, а до 80-тата минута било 0-0, а имал среќа и кога Кристијансунд против Бранд даде гол во 87-мата минута за да погоди дека на средбата ќе паднат барем два гола. Во 87-мата минута и Рома дојде до победа над Фиорентина за да се потврди дека е погоден „кецот“.

ВО ГЕВГЕЛИЈА СЕ СЛАВАТ ЧЕЛЗИ И ВOЛЕРЕНГА ЗА ДОБИВКАТА ОД 508.800 ДЕНАРИ

Некогаш и само три натпревари на тикет се доволни да добиете дури 508.800 денари. Ова убаво чувство го почувствува еден прогнозер кој вчера уплатил тикет во Гевгелија. Гевгеличанецот уплатил 3.000 денари и прогнозирал дека на мечевите Челзи – Вулверхемптон, Арсенал – Ватфорд и Вoлеренга – Стромсгодсет домашните тимови ќе постигнат барем по два гола во прво полувреме. Квотите се одлични, од 5 до 6.40 и сите три меча испаднаа како што посакуваше прогнозерот, кој е побогат за одлична сума од речиси 509 илјади денари.

Овој прогнозер имал многу среќа, но среќата ги следи храбрите. Челзи двата гола во првото полувреме ги даде во судиското продолжение, а и Вoлеренга поведе со 2-0 по истекот на 45-те минути, и тоа со автогол кој си го дадоа гостите.

БИТОЛЧАНЕЦ СО 100 ДЕНАРИ УПЛАТА, ДО ИСПЛАТА ОД НАД 1.000 ЕВРА, ТИПУВАЛ САМО ТРИ МЕЧА

И во Битола во објект на Sport Life е исплатен одличен тикет на кој има само три меча со големи квоти. Уплатата од 100 денари и погодените три исходи на мечеви играни во петокот, на прогнозерот му донесоа добивка од 62.985 денари.

Она на што се надевал прогнозерот е дека на мечевите Киево – Читадела, Санта Клара – Гимараиш и Жил Висенте – Пасош Фереира ќе има голови на двете страни и дека ќе паднат над три голови. Квотите се огромни, од 6.80 до 9.75, но тикетот одеше како подмачкан и на сите три средби ГГ и 3+ беше уште по првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести