Охриѓанец и скопјанец уплаќале сингл за победа на Саудиска Арабија против Аргентина!

Двајца храбри и успешни прогнозери може да се прогласат за обложувачки шампиони во Македонија на вчерашниот ден бидејќи верувале во победа на Саудиска Арабија, уплатиле во Sport Life, и ризикот им се исплати.

На уплатно место во Охрид, завчера попладне биле уплатени 2.000 денари на сингл за победа на Саудијците над Аргентинците. Квотата во моментот била 20.25, па добивката на охриѓанецот е 40.500 денари.

Во Скопје, во објектот на Sport Life кај Зеленото пазарче, вчера на еден час пред мечот, кој заврши со сензационален реузлтат од 2-1 за Саудиска Арабија, бил уплатен тикет на кој се прогнозирала победа на аутсајдерот. Квотата е 23, па уплатата од илјадарка му донесе добивка од 23.000 денари.

- Оглас -

Најнови вести