-2.2 C
Skopje
среда, 21 јануари 2026

Ојлески: „Мора да бидеме задоволни и горди со резултатот на Европското првенство“

Македонија го заврши настапот на Европското првенство со три бода и пласман на 14-тото место. Дел од единствената победа на турнирот, против Романија, беше и Гоце Ојлески, кој беше повикан само на ден пред натпреврот на местото од повредениот Атанасијевиќ.

„Среќен сум што помогнав колку што можев. На крајот, мора да бидеме задоволни, иако можевме да победиме и со поголема разлика, но треба да бидеме задоволни со победата и горди на овој резултат. Момците одиграа одличен турнир и мора задоволни да си заминеме“, вели Ојлески.

На крајот Ојлески направи споредба како е да си дома и да ја гледаш репрезентацијата само на телевизија, а како е да си на теренот и директно да учествуваш.

„Кога си на теренот, има поголем адреналин, имаш поголема желба да помогнеш. Дома си немоќен и можеш само да гледаш“, додава крилото на македонската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести