Олстар-тимот од корејската лига му даде три гола на Јуве, свирежи за Роналдо (Видео)

Јувентус се спаси од пораз и одигра 3-3 против тимот составен од најдобрите фудбалери во лигата во Јужна Кореја. Јуве на трите меча на азиската турнеја прими седум гола.

Се најавуваше дека Кристијано Роналдо ќе игра едно полувреме, но Португалецот не се ни загреваше, па кога тој беше покажуван на големиот екран, имаше свирежи од трибините. Старата дама за првпат настапи во резервните бело-црвени дресови.

Тренерот Сари тргна со Шченсни, Кансело, Де Лихт, Ругани, Беруато, Џан, Пјаниќ, Мураторе, Бернардески, Игуаин и Манџукиќ, а потоа влегоа Буфон, Бонучи, Матуиди, Рабио и Переира. Но, „ѕвездите“ од корејската лига беа порасположени и го изненадија фаворитот.

Најубав на средбата беше првиот гол, дело на Шпанецот Осмар, некогашен член на Расинг Сантандер. Потоа Јуве изедначи преку Мураторе, но Сесиња го врати корејскиот олстар-тим во предност пред крајот на првото полувреме, притоа прославувајќи го голот во стилот на Кристијано Роналдо. По пет минути во второто полувреме, Тагерт зголеми на 3-1. Сепак, во последните 12 минути, најпрвин Матуиди намали на 2-3, а потоа Переира изедначи на 3-3.

По ова, Јуве се враќа во Торино, а на терен повторно ќе се појави на 19 август во Стокхолм против Атлетико Мадрид.

Погледнете го голот за 1-0:

https://twitter.com/i/status/1154739824391335936

 

Убава соло акција и завршница имаше и Переира за 3-3:

- Оглас -

Најнови вести