Олимпијакос и Њукасл до последен момент чекаа да донесат радост во Скопје и Гостивар

Квалификациските натпревари во Лигата на шампионите и неколку интересни средби од англискиот Лига куп ги носат денешните топ-тикети, од кои еден е со доста солидна добивка од 178.825 денари.

Во објектот Рузвелтова 1 во Скопје, обложувачот само со 50 денари влог стигна речиси до 3.000 евра, пред сè благодарение на голот на Ел Араби во судиското надополнување за победа од 2-0 на Олимпијакос против Омонија Никозија. Тој е мечот кој го држел во неизвесност до последниот судиски свиреж, за да биде точен типот дека по нерешен резултат во првиот дел, домаќинот ќе победи најмалку со два гола, а нема да даде повеќе од четири.

Гент и Динамо до 41-вата минута постигнаа по еден гол, пред украинскиот вицепрвак да ја запише победата за пласман понатаму. Во мечевите од англискиот Лига куп, Арсенал до триумфот од 2-0 дојде дури во последната минута од регуларните 90 против Лестер, Челзи лесно го совлада Барнсли со 6-0, додека Фулам само за половина час ја заврши работата со Шефилд.

ГИ НАМИРИСА ГОЛЕАДИТЕ, А ТИЕ МУ ДОНЕСОА 1.000 ЕВРА

Во Гостивар 5 објектот исплатен е добитен тикет со сума од 66.960 денари, за којшто се вложени само 200 денари. Полесно составен тикет одамна немало, обложувачот ги начека трите меча од англискиот Лига куп во кои имаше голеади, притоа погоди дека фаворитите ќе бидат доста ефикасни.

Челзи, Евертон и Њукасл победија со пет или повеќе гола против нисколигашите Барнсли, Флитвуд и Моркомб, притоа сите три екипи постигнаа најмалку по два гола во првиот дел од средбите. Нервоза создаде Њукасл, кој уште во првиот дел постигна пет гола, па во второто полувреме како да се опушти. Потребен беше уште еден гол во второто полувреме за тикетот да биде добитен, па го дочека дури во првата минута од судиското надополнување за конечни 7-0.

- Оглас -

Најнови вести