1701 Олимпик Марсеј – Оксер (20:45 ч.)
Олимпик Марсеј треба да биде еден од ривалите на Пари Сен Жермен во трка за титулата, додека Оксер е екипа која е на средината од табелата. Овие две екипи негуваат офанзивна игра и даваат, но и примаат многу голови.
Малку неверојатно делува фактот дека Олимпик сезонава е третиот најслаб тим на домашен терен, но затоа традицијата во дуелите со Оксер е на страната на тимот од Марсеј и има четири победи по ред.
Предлог тип: 1&2-4 (2.40)
3002 Лече – Емполи (20:45 ч.)
Лече е на дното од табелата во Серија А само со осум бода од 11 средби. Офанзивата е најслаб дел од екипата и Лече има дадено само четири гола. Тимот со вториот најслаб напад е Емполи со осум погодоци, но Емполи има и добра одбрана, па има примено само девет гола.
И традицијата вели дека на последните четири меѓусебни средби немало повеќе од два погодоци на средба.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.90)
1801 Унион Берлин – Фрајбург (20:30 ч.)
Две екипи со речиси израмнет учинок во досегашниот дел од Бундеслигата, кои се борат за позиции што носат излез во Европа. Унион Берлин е со цврста одбрана и слаб напад, а слична е играта и на Фрајбург.
Унион Берлин во четирите меча на свој терен има три победи и едно реми, што значи дека ретко губи бодови.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.73)
1655 Сент Труден – Мехелен (20:45 ч.)
Две екипи кои играат офанзивно, без многу калкулации и секогаш се очекуваат да има повеќе погодоци. Разликата во бодови е само седум, но тоа го става Сент Труден на претпоследното место на табелата, а Мехелен е четврти.
Во просек повеќе од три погодоци има на дуелите на Мехелен, а и Сент Труден не е тим кој многу сака да калкулира.
Предлог тип: ГГ3+ (1.98)
1311 Елче – Алмерија (20:30 ч.)
Елче е во одлична форма и има четири победи и две нерешени во последните шест кола во втората шпанска лига, но и Алмерија игра добро и е со две победи и реми во последните три кола.
Традицијата вели дека во последните шест меѓусебни дуели секогаш имало меѓу два и три погодоци. Елче во седум средби на свој терен има само еден пораз, па и сега е фаворит за победа.
Предлог тип: 1&2-3 (4.00)