Олимпискиот шампион доживеа страшен пад, мораше да биде изнесен на носилки (Видео)

Конор Филдс, американскиот велосипедист на БМХ трките, мораше на носилки да биде изнесен по падот за време на квалификациите на ЛОИ во Токио. Филдс е актуелен олимписки првак од Игрите во Рио де Жанеиро, а и во Токио беше прв фаворит за златото.

По две квалификациски рунди, Американецот беше на четвртото место, а по еден скок во третата трка, незгодно падна. По него паднаа уште двајца возачи, но, за среќа, тие немаа посериозна повреда.

https://twitter.com/i/status/1420943011547070469

Филдс остана да лежи на патеката, а лекарите брзо реагираа и по неколку минути давање прва помш, го ставија на носилки и го изнесоа. Иако имаше обезбедено место во финалето, актуелниот олимписки првак немаше шанса да го брани тронот.

- Оглас -

Најнови вести