Омикрон се шири брзо, ги нападна и Пиринеите и Кралот – Модриќ и Марсело се позитивни на ковид-19

Реал Мадрид има големи проблеми со ковид-19, а денеска со официјално соопштение од Кралскиот клуб објавено е дека Лука Модриќ и Марсело се позитивни на ковид-19.

Реал е лидер во шпанското првенство со 42 бода, 8 повеќе од Севилја, но веројатно ќе мора да игра без Модриќ до крајот на годината, односно на последните два меча во 2021 година.

За четири дена Кралскиот клуб ќе му биде домаќин на Кадис, а потоа има тешко гостување во Билбао на „Сан Мамеш“ против Атлетик на 22 декември.

Модриќ е една од ударните игли во тимот, додека Марсело е во втор план и сезонава одигра само пет меча за Реал Мадрид со вкупно 142 минути минуати на терен.

- Оглас -

Најнови вести