Македонија мора да го сопре грузискиот Болт за нов подвиг во местото што ни донесе огромна радост и историја (Видео)

Квича Кварацхелија игра во топ-форма и ќе биде главна опасност за Македонија во дербито од петтото коло во четвртата група од Сегментот Ц во Лигата на нациите на меч што ќе се игра во Тбилиси на 23 септември.

Кварацхелија, кој му е соиграч на Елиф Елмас во Наполи, одлично се вклопи во тимот од Неапол и е втор стрелец во Серија А со четири гола и топ-голгетер во нашата група во Лигата на нациите.

Има само 21 година и е голем талент, а брзината и одличната техника му се голем адут и умешно ги презентираше и вчера во победата на Наполи против Глазгов ренџерс со 3:0.

Со супер соло акција, Кварацхелија мајсторски надмудри двајца играчи на шкотскиот гигант и веројатно и ќе постигнеше гол да не беше фаулиран на груб начин.

Khvicha Kvaratskhelia (Napoli) run vs Rangers from soccer

Кварацхелија беше стрелец на еден гол и во победата на Грузија против Македонија во Скопје со 3:0 во овој циклус на Лигата на нациите.

Сега нам ни треба идентична победа, или и повисока од 3:0, во Тбилиси на 23 септември од 18 часот, за да останеме во игра за првото место во четвртата група.

По четири кола, Грузија е прва со 10 бода, пред Македонија со 7, Бугарија со 3 и Гибралтар со еден бод, а има да се играат уште две кола.

Можно е Македонија и Грузија да бидат израмнети со бодови по завршувањето на фазата по групи во Сегментот Ц во Лигата на нациите и во тој случај одлучува меѓусебниот биланс.

Во историски дуел, на 12 ноември во 2020 година Македонија токму во Тбилиси ја победи Грузија со 1:0 во финалниот меч од Сегментот Д во Лигата на нациите и обезбеди прво учество на европските првенства.

 

- Оглас -

Најнови вести