Опасен обид за бакнување на обрачот е доволен за победа на натпреварот во забивање (Видео)

Резервниот бек на Портланд трејлблејзерс, Енферни Симонс, победи на натпреварот во забивање, кој се одржа синоќа на олстарот во Атланта. Експертите беа разочарани од квалитетот на забивањата, но Симонс изведе едно забивање кое не е видено досега, а може да биде и опасно.

Тој скокна толку високо што устата му беше до обрачот и многу се доближи до обрачот, со гестикулација на бакнеж. Секако, евентуален контакт на устата со обрачот ќе му донесеше повреда, па во последен момент се повлече, но искажаната љубов кон кошот му донесе најмногу поени во финалната серија во која ривал му беше Оби Топин од Њујорк никс.

Симонс имаше и едно забивање со вртење од 360 степени, а тоа забивање го изведе облечен во ретро дрес на Трејси Мекгрејди од Торонто репторс.

Ова е „бакнеж забивањето“ на Симонс кое му донесе триумф и влез во историската книга на победници на најатрактивното натпреварување:

- Оглас -

Најнови вести