Опасен рој пчели лета кон Премиерлигата, Брентфорд денеска чека седмица

Брентфорд – Престон (Чемпионшип, Англија, 18 часот)

Брентфорд е во страшна серија што ги доведе популарните Пчели на прагот на Премиерлигата. Тие се единствениот тим во Англија и во Чемпионшип лигата што ги има сите победи во пост-корона ерата.

На шест меча ги имаат сите победи со гол-разлика 14:2 и денеска им треба уште еден успех за да му се доближат на Вест Бромвич Албион на само еден бод до превзмемање на втората позиција која гарантира настап во Премиерлигата следната сезона.

Данецот Томас Франк прави чуда со клубот што има 130-годишна традиција, но никогаш не играл во Премиерлигата. За Брентфорд е добро што има подобра гол-разлика за 10 погодоци од ВБА и ако евентуално двете екипи бидат израмнети на крајот од шампионатот, ќе одлучува токму таа категорија што е во прилог на тимот од околината на Лондон.

Престон е многу солидна екипа, се уште имаат шанси за настап во плејофот, но денеска тешко ќе им биде да го сопрат разиграниот ривал.

Предлог тип: 1 (1.50)

 

Милан – Парма (Серија А, Италија 19.30 часот)

Милан влезе во посакуваниот ритам и е непоразен на 7 меча по ред, вклучувајќи го и дуелот со Јувентус во купот. Во таа серија одиграа многу добро против екипите што се подобропласирани од нив, а ги победија и лидерот Јувентус и Лацио и Рома.

Со евентуална победа денеска Росонерите ќе останат во игра за настап во Европа Лигата, што е главна цел за оваа сезона.

Парма е во контраритам со пет меча без победа и многу проблеми. Во минатото коло одиграа слаб меч против Болоња, но се спасија од пораз со два гола во самиот финиш.

Дејан Кулушевски ќе си оди, веќе потпиша за Јувентус, Корнелиус е повреден, Жервињо доби мала поштеда во минатото коло, што покажува дека веќе и нема некакви сериозни амбиции кај гостите.

Сепак Парма игра ултраофанзивен фудбал, постигна најмалку по еден гол на сите 7 натпревари по рестартот на сезоната и типуваме дека и денеска ќе успее да ја затресе мрежата на Донарума.

Предлог тип: 1Х&ГГ (1.98)

 

Болоња – Наполи (Серија А, Италија 19.30 часот)

Болоња и Наполи можат вечерва да одиграат натпревар за свој мерак, бидејќи сезонава во Серија А веќе и немаат посебни амбиции.

Болоња тешко може да се пробие до позициите што водат во Европа, а не може ниту да испадне, додека Наполи е веќе пласиран во Европа Лигата со освојување на пехарот во купот.

Наполитинаците можат дури и да ги почнат подготовките за реваншот со Барселона во Лигата на шампионите што ќе се игра на 8. август. Џенаро Гатузо и неговите избраници ќе ги фрлат сите карти на победа на тој меч, па некако првенството ќе им биде во втор план во последните шест кола.

Гостите имаат поквалитетна екипа, играат ефикасен фудбал за гол повеќе, а сличен профил е и Болоња, екипа што дава, но и прима доста голови.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.02)

 

Сампдорија – Калјари (Серија А, Италија, 19.30 часот)

Сампдорија нема пораз од Калјари на шест меча по ред на својот стадион „Луиџи Ферарис“ во Џенова. Клубот од Сардинија не победил на гости кај Сампдорија од 2012 година, а типуваме дека и денеска нема да ги освои бодовите.

Домаќините под команда на Клаудио Раниери направија голем исчекор кон опстанокот во Серија со победа од 3:1 во минатото коло против Удинезе и ако денеска слават ќе бидат на дофат на нова сезона во најквалитетната италијанска лига.

Калјари е безбеден, а и не игра добро во последно време, па очекуваме домашна победа и чист кец на „Луиџи Ферарис“.

Предлог тип: 1 (2.05)

 

Сасуоло – Јувентус (Серија А, Италија, 21.45 часот)

Шампионот Јувентус не може да здивне во последно време, а нов опасен ривал денеска ќе му буде Сасуоло. Старата дама ќе му биде гостин на вториот хит сезонава во Калчото. По Аталанта, Сасуоло е екипата што воодушевува со прекрасни игри на терените во Италија.

Рестартот им беше со пораз токму од Аталанта, а потоа следеа успешни настапи на Сасуло на шест меча со две нерешни и четири победи и со неверојатна ефикасност и постигнати 17 гола.

Јувентус имаше страшна серија од 7 победи по ред против денешниот ривал, но не успеа да победи во првиот дел од сезоната, кога беше 2:2 во Торино.

Старата дама ја има деветтата титула по ред во Серија А на дланка и е фаворит против Сасуоло, а очекуваме во ефикасен меч голови во двете мрежи со предност за гостите.

Предлог тип: Х2&ГГ (1.90)

 

Во стандардната дневна понуда на Sport Life можете да одиграте:

Њукасл – Тотенхем Х2&ГГ (2.30)

Милан – Парма 1&2-4 (2.40)

Арсенал – Ливерпул 0-1I&0-2II (2.20)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести