Барселона е пред банкрот, ќе страдаат играчите

Барселона ќе доживее банкрот на почетокот на идната година, ако експресно не најде решение како да се намалат трошоците за огромни 190 милиони евра.

Единствено чаре како што објавуваат шпанските медиуми е да се намалат и тоа драстично платите на фудбалерите, а крајниот рок за договор е 5. ноември.

Финансиската криза доаѓа во незгоден момент за Барселона. Првиот човек на клубот Жозеп Бартомеу под притисок на навивачите си поднесе оставка, па се очекуваат избори.

Времето за ребаланс на буџетската дупка кај Каталонците е кратко, а Лионел Меси и грото играчи објавија дека се против кратењето на платите.

Има дел од фудбалерите меѓу кои се Пике, Де Јонг, Ленгле и голманот Тер Штеген кои прифатија намалување од 30 посто со новите договори кои ги потпишаа со клубот.

 

- Оглас -

Најнови вести