Држи дистанца и снаоѓај се како можеш – Со метла се земаат изјави во Англија (Фото)

Англија беше сериозно погодена од пандемијата со Коронавирус, која се уште не е докрај совладана, па фудбалските натпревари се играат според строгите протоколи со присуство на мал број на луѓе и без публика.

И бројот на новинари е редуциран, а тие што имаат привилегија да бидат на стадионите се снаоѓаат како умеат со препорачаната социјална дистанца.

Сепак начинот на кој еден претставник на Седмата сила му прави интервју на дистанца на менаџерот на Милвол привлече внимание.

Во стилот снаоѓај се како умееш, новинарот искористи метла и на дршката прикачи микрофон, за да добие изјава од Гери Ровет, тренерот Милвол, кој е член на Чемпионшип лигата.

Оригинално е, а фотографијата привлече внимание и е хит на социјалните мрежи.

Милвол одигра нерешено без голови, вчера против Барнсли и се уште се надева дека ќе го фати возот што води во баражите за пласман во Премиерлигата.

- Оглас -

Најнови вести