Опасен Териер го нападна и декласира францускиот гигант, блескаше и хрватски талент

Сент Етјен доживеа вистинска бламажа и еден од најтешките порази на свој терен во богатата историја на клубот и загуби од Рен со 0:5.

Најтрофејната екипа во Франција со 10 титули, колку што има и Марсеј беше немоќна да го задржи извонредното дуо Териер-Мајер на гостите.

Мартин Териер постигна хет-трик од 22. до 48. минута, а за сите голови му асистираше разиграниот хрватски репрезентативец Ловро Мајер.

Автогол си даде Макон, а потоа и Териер и Мајер беа заменети, но Рен продолжи да ја полни мрежата на францускиот гигант.

Последниот гол на мечот го постигна Угочукву за убедлива победа на Рен и еден од најтешките порази на 1–кратниот првак Сент Етјен.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести