Опасно: Репрезентациите кои ќе имаат заразен играч на ЕП, ќе губат службено!

Пандемијата на корона-вирусот може да донесе огромни проблеми околу регуларноста и текот на претстојното Европско првенство во фудбал, кое почнува за малку повеќе од еден месец.

Според британските медиуми, УЕФА донела одлука да воведе нови правила со кои би се оштетиле некои репрезентации ако за време на првенството имаат играч кој е позитивен на ковид-19. Доколку некој фудбалер е заразен со корона, мечот на неговата селекција ќе биде одложен за 48 часа, но ако е невозможно да се игра мечот и во новиот одложен термин, тогаш средбата ќе се регистрира со службени 3-0 за репрезентацијата која нема да има заразен играч. Има опција и одложениот меч да се игра во друг град, а не во тој во кој првично е планиран.

Ако мечот се одложи, тимот кој има позитивен играч ќе мора да има најмалку 13-мина фудбалери со негативен тест за да може да настапат. Не се знае што ќе се случи ако и во двете селекции има позитивни.

УЕФА воведува уште една историска новина за време на ЕП, а тоа е да може некој судија да ѝ суди на репрезентацијата на неговата земја. Но, ова ќе се случи само ако поради корона, судијата кој требало да суди не е достапен и единствен на располагање е тој чии сонародници ќе треба да играат.

- Оглас -

Најнови вести