Опасно тресна Дончиќ на паркетот, за среќа, помина без повреда (видео)

Лејкерси го добија дербито во НБА-лигата против Далас со 108:95, во меч во кој немаше посебни возбудувања како што се навикнавме да гледаме во изведба на Лука Дониќ, Леброн Џејмс и останатите. Во текот на првото полувреме се случи и една немила сцена во која Дончиќ можеше да излезе со повреда, но, за среќа, помина без последици.

Словенецот се најде во сендвич од противнички играчи, па во обид да шутне и да изнуди фаул, Дончиќ тресна на земја, по што веднаш се прекина средбата. Удри со грбот и со главата на паркетот, па играчите и на двете екипи се загрижија и се собраа околу него да му дадат поддршка.

Добро е што на овој начин помина сцената, ако се знае дека Дончиќ пред извесно време се врати од повреда на глуждот. Доби и овации од трибините во „Стејплс центарот“ откако стана и продолжи да игра, а мечот го заврши со 19 поени.

- Оглас -

Најнови вести